Писмата
што си ги разменуваат мачките,
ги пренесуваме преку алиштата.
Едно триење,
едно душкање –
и пораката е примена.
Можеш да сфатиш
по мавтањето на опашот.
Никој не ни побарал
согласност.
Мислиме,
дека сме им господари,
а тие нè користат
како поштари.
За сè друго
излегуваат на крај и без нас.
Си намигнуваат
зад нашите грбови.
Не нè ценат
нешто посебно.