(одломка)

1.
По продукти на милосрдие редиште
се извило, дури се двои на три-четири
опашки, подчкрипува – небаре касета
се премотува, во затилокот квадратен пред тебе
се мае надеж за напредување, тивко зададеното:
„Кој е последен?“ небрежно се огласува:
„Не фаќајте ред, крај“ се поддава точкестата
шамија на слоновидната касиерка?
или еднобојна? во текот на приоѓање и
плаќање на преголемата торба ѝ грози
наредно дополнување, истапкана маршрута

2.
за продуктите на милосрдие е навалица,
турканицата, тисканицата
ќе те притисне потисне дури без да трепне
со гризаница ќе те издемне во вратите
ќе те начека ќе ти го опсади дишалото
ќе те натисне, ќе те исклоца, ама чек
ќе напише, ќе закокодака од дувлото
на нечистата совест, во што
мајка ја родила ќе се искапе во паркот,
кон кученцето ќе се приврзе, што изметот
си го закопува, капачето
го отфрла трескот на времето

 

5.
по продуктите на милосрдие подготвувајќи се
џигерот ти го напипуваат – дали не се смирил…
биохемијата ништо не покажува, пената ја
надвјасува далгата, ветрогонест
неранимајко некаде се измолкна, одамна
мина рокот за обнова на одлежаната пресуда,
ниту со уво ни со рило да ја надушка смислата
на скечот, веѓите му натежнале од недосон,
од смеа плеска со раце и се брише,
нарачателот на убиство самиот брзичко
го ставаат на броило, на кој поради недостиг
на дизни се изменил редоследот,
симнување од почесна табла

6.
за продуктите на милосрдие време е
да заборавиме и да си мушнеме одовдека,
во спортска сала, клештејќи се дебилно,
пресата ја врти василко
во свои осумнаесет даде
речиси половина писанија, исчашувањето
дадоа да се исправи во трауматолошко, око
и око е потребно за по навика
сè да се завиткува, нискиот стандард
на животот во провинција овозможува
да не се трошиш, љубимецот му удри
на волкот чврга, блеска модринка

Превод од руски јазик Чедо Цветановски