Седевме сред големата празнина и одненадеж како досадно капење го чувме ритамот
на престанокот на она што некогаш беше откровение
Како замаглено горешт блесок видовме
На крајот на автопатот на брзо време дека ниту една куќа не стои
Во длабината на дувлото од кртот постои сино око од компјутерски екран
И ние сме осудени на вечна ноќ врз која плови еден единствен череп
Кој е зграпчен од дигиталната палета на алатки
Дури насмевнати икони ја држат мрежата
Врисоците отпловуваат нагоре кон небесата
Нозе свртени наопаку врз сивиот небесен свод
И го изброија црвениот лак прсте по прсте
Сончевиот барабан беше придушен и бледникав и капки жолт восок капеa од него
Најавувајќи нова досега беспримерна глувост
ПРЕКИН во неколку пулсови струјата некако нè разочара
Се судривме во мракот дури баравме свеќа
Допревме леб допревме вода
Заборавеното месо залипа за миг
Во еден миг беше поубаво од електронското месо на иконите
Во еден миг на надеж дека работите имаат длабина но
ПРЕКИН – – светлата се вклучија
Небото блесна
Кртот се искикоти
Синото око намигна
Черепот не потона
Постои само тенка површина и забрзува сега
Кон кафетеријата и цигарите и рикот на весниците
Седевме сред големата празнина
И тогаш го чувме јасно и преполно ритамот на престанокот на она што некогаш беше
откровение
Превод: Горјан Костоски