Таа театрална смрт
на есенските брези –
златна,
воздушна,
возвишена
пред тие азурни кулиси!
Листот се кине,
тетеравејќи се
очајно,
но мудро
како гест
на копринена ракавица.
Агонијата
е танц…
Напролет
претставата
се подновува.
Актерките се на сцената
непрепознатливи –
истите,
во зелени момински фустани
возбудени
и одлучни
повторно да ни ги растресат душите.