Црниот азур на муграта беше изџвакан, прошепотен, од една голема сина птица или беше црна линиите на
нејзината силуета беа проголтани од големиот шепот чии линии се протегаа до полунебјето и
длабоко кон длабоко запомнетата опиеност на ноќта шепотот дека станале едно
лепливо џвакање на чемер летот ѝ беше остар ко жилет на џвакање
Па зашто реков сенка или реков крај тоа беше едно нескротливо плачење кое
експлодира од грлото на големата сина птица и сонцето почна да се крева кроце како кофа која
доаѓа премногу бавно за да си ја собере блујавицата
Мислев блујавицата на големата заборавена птица која за момент ја расцепи линијата на небесата
и за момент замавна и падна
Се враќаше назад кон гнездото
Некој ја испратил некој ја ослободил некој ја ограбил можеби некој ѝ ги украл
кротките азурни пиленца од светлоста можеби во мигов некој ја исплашил по пат некој ја
испратил
Се оддели од дрвото
Или можеби самата птица си се испратила го пратила времето на нејзиното надоаѓачко поаѓање и
самата птица се присилила
Самата да се оддели
Па зашто реков крај
Можеби трошноста на нејзиното тело претходела пред неа и го носела овој крај во забите свои како некогаш
што си ги носела пиленцата
Па зашто тогаш реков сенка
И не како минлива сенка
Превод: Горјан Костоски