Во Австралија во текот на деветнаесеттиот век постоеше скриена војна за поместување на границите против абориџински племиња како што доселениците се движеле накај внатрешноста. Абориџините од другите племиња често биле искористувани како војници зашто биле способни за исклучителна суровост против нивните претходни непријатели. Културниот збор „раштркување“ стана еуфемизам за „заклани“.
РАШТРКУВАЊАТА НА СТАРОСЕДЕЛСКАТА ПОЛИЦИЈА
Сега веќе никој не мисли дека раштркувањето
значело нешто друго освен убивање.
Џудит Рајт, Плачот за мртвите
Првото нешто што се раштрка
беше кожата
на рамото или вратот –
сето ова со прскање на жар црвено
над главици и треви.
Совесноста свршена, уште еден
уникатен пресек на поделеност, тотем,
раштркан во воздухот.
Вкочанетата тежина на месото
ја раштркаа дингата и ларвите.
Тивко, сончевината и дождот си работеа
на непроучените агли на коските.
А раштркувањето тераше понатаму:
сеќавањето, разумноста се излижаа до празнини
во изборите и премините во белите приказни –
така што новите сопственици, со прифаќање на тој поглед,
може да чекорат со живост во одот –
може да вдишат длабоко – небаре оваа земја им дошла бесплатно.
Превод: Елида Бахтијароска