И живата се истрошила на огледалото над масичката.

Откај раката која бара да насети
се служам со веќе искористени листови,
црното мастило од другата страна се покажува одоздола
и помислувам
дека и така може да се пишува,
да впишуваш нови зборови додека другите
претходните
се разоткриваат.

 

Превод: Никола Ѓелинчески