Паѓа град. Наеднаш, велиш, есента
станува зима и ја потпикнуваш јаката под
гушата. Чиниш згаснале светилките што
наспроти ветрот, осветлуваат делови од места
оддалечени, опкружени од нашите шепотења.
Заспани, љубов, за сметки и планови
ќе зборуваме и утре. Контролорот
чека на вратата, ги поништува билетите извадени
од џеб; еден бакнеж врз очи ги стиснува
во одбрана трепките. Потоа возот се судрува
со дождот.