Што да се стори уште? Од еден миг
до друг се враќа, си велам. И ја гледам куќната
порта (сè уште го имаш клучот). Одново те гледам
во сликите, во портретите на пријателите сликари
каде ја среќавам пената на други моменти,
сега кога сè гори и многу прашања, рушат
како лавини. Миг по миг ништо не е еднакво,
кажуваше Хераклит. Овде желбата за тебе опстојува
во воздухот, светка во очи, ме тера
да те барам низ одаите каде одвреме-навреме
— сокривајќи ја разделбата – се материјализираш,
испружена, во очекување јас пак да те земам,
заборавајќи ги смртните навреди и гризења на совеста.