Заедно со само неколку, ама мудри книги
Кеведо

секогаш имај ги при рака книгите поезија
далеку од другите
настрана
кај што нема да ги заборавиш
кај што секогаш ќе можеш да ги видиш
дури и ако не ги читаш или си ги напуштил
имај ги книгите поезија крај себе
до креветот
над креветот
или на креветот
никогаш подалеку
секогаш кај што сништата се случуваат
кај што ги склопуваш без страв очите
близу до таму кај што водиш љубов
најблизу до таму кај што водиш љубов
баш таму треба да се

Превод од шпански јазик Никола Ѓелинчески