Заспан дену, есенска навико,

Потребо за човечки глас и допир,

Тивка попладневна ѕверко,

Толку разумна во својата цел

И секогаш со лесен чекор,

Снеможена ѕвездо, твоето мина,

Книго истргана од рацете и очите,

Далеку од стокмениот нотес,

Сè пократки денови, сè подолги бессоници,

Синкопо меѓу два здива

Разреден воздух,

Заспан дену, есенска навико,

И тишино меѓу два ноќни чекора.

 

 

Превод: Никола Кукунеш