Се чини дека е скалестата кула на планината Хонг
која се извишува во просторот кој им припаѓа на
птиците во лет. Ако погледнеш одблиску,
тоа е пат кој бледнее во тесен премин
по кој никој не зачекорил.
Дрво во квечерината, вертикален
синор на зајдисонцето.
Ноќе, се претвора во река чиј тек
и одразот твој во неа
длабат кањони во мене.
Се будам и се исправам, ти си влезена во
моето тело, мојот ‘рбет
– дали да заминам далеку, што подалеку
или да застанам мирно во твојата сенка
зар има некаква разлика?
Превод од кинески јазик Елена Дамјаноска