Низ отворена врата се влеваат
последните бранови вечна топлина.
Мачката преде на мирната сончева светлина;
светот свиен во нејзините очи
изгледа небаре никогаш не ќе заврши.
Се појавуваат влезови и излези. На полица,
одделен со стакло, дреме грам чист радиум.
Уморна од истражување долго половина живот,
белокоса дури и спроти уrрешниот снег
– на старечки стол –
мадам Кири благо се насмевнува
и тивко зрачи.
Превод: Никола Гелинчески