Зошто како народ си останал сам и намален?
Ниту мува да ти слеташе на носот
Ниту мравка да те заскокотка под пазува
Фрижидерот и оставата, зјапаат отворени и празни
Какви се твоите можности
Имајќи предвид дека ти се соголени вилиците
И дека лошо ти е монтирано забалото
За да, евентуално, ги изџвакаш влечките? Никакви
Пепелникот, полн со догорчиња од цигари, ти вели: прибери се!
Не е твоја вината дека ѕидовите пред тебе виделе
Што му се случило на цвеќето во вазната
А добиле инструкција да молчат
Цвеќето не треба да те интересира
Цвеќето и така целосно се исушило
Се крши во мали парчиња и при лесен допир.
Подобро твоите раце да бидат зафатени со бришење на солзите
За цвеќето користи го здивот кој не остава докази
Кога беше погребот, кој сè го држеше погребниот говор, што е кажано
Долу, аудиенцијата допрва треба да почне.