На почетокот
би имало совршено
пробиена лушпа
крилја под топол здив
растат и растат
растат и ојачуваат
продолжуваат да растат
се додека не се преголеми
ипаtаат
тогаш имаат задача
мачно да се искачат на највисокиот рид
со најтешкиот параглајдер
да се исправат пред таблата
црна ко право огледало
и за првпат да го започнат
тестот
Превод: Никола Ѓелинчески