Токму според мерката на Зенот, на малечка вага
Собрана е правта од светлосниот зрак
За да се измери прекумерната тежина од значење во прашинката
Секое дребно бисерче, кое минало
Низ допирот на девојката со златни очи
Носи сѐ помали блесоци светлина
И оттука се извлекуваат бројките, и учат
Бројките како да пеат – но колку доцна, колку долго
Ќе им треба да го допрат блесокот на Вермер
Она што е кажано без зборови е крајна убавина

2004
Превод од кинески јазик Игор Радев