Честопати се замислувам себеси како ја дигам главата, од страниците на книгата
Се замислувам себеси кај гледам едно море полно со сина течност,
Отаде прозорските капаци, но она што го восприемам сал е парченце морска шир.
Та си велам сам на себе, дојденото довде не е
Севкупниот опсег, згора,
Стојам на неменливо место,
А тоа ме потсетува дека вообразбата, сепак, е омеѓена;
Вообразбата си има природна точка на исходење,
Та можеби има и слобода,
Крилја исти како на морска птица,
По кои нашата душа копнее,
Нудејќи ни гранки,
Потхранувајќи ни ги фантазиите врз слетана точка на потпора.

Превод: Игор Радев