Времето исчезна
Во воздушните патеки
Каде лицето на една млада мома,
Бестелесна птица,
Полетува.
Од нејзините очи црн бисер
бега кон небото на Икарија.
Таа е ќерка на заборавот
Тоа ѝ вети
Залак од безмесечинската ноќ,
Кој остана на нејзините усни.
Таа никогаш нема да ја допре земјата
Никогаш нема да си поигрува со камењата
Ниту дрвјата
Ниту водите што ги упропастуваат.
Се омажи со илузија
Која исчезна во ветрот.
Превод: Марија Крстевска