Религијата на отворениот простор

еден од водотеците на уметноста,

со ништо хемиски произведена

убавина, самородна.

Од бунт, од отпор кон ништожноста.

Поезијата е нагорнина на планината на непознатото

парчиња сништа спуштени на земја,

река која води до изворот

прочистен

од магнетните девијации,

и до тој дух во нас.

 

 

Превод: Никола Кукунеш