За да ги знаеме границите на градот
И границите на нашиот живот
Подигнавме крепост.
Оние кои ќе дојдат,
Како што надоаѓа водата,
Оне кои ќе дојдат на градскиот плоштад
Користејќи се со воздухот
И својствата на водата,
Со огнот, со ненадминливиот оган,
И плодовите на земјата,
Кон тврдината ќе го
Управуваат своето движење,
А во падот на градската кула
Ќе го познаат мигот на својата победа.

 

Превод: Никола Кукунеш