За Суби Хадиди

 

Еден човек оди
од Дамаск до Париз
дали минува низ тунел
или воздухот го сече
не би знаела
одненадеж го видов Истокот во движење
кај се тресе без центар
го минав растојанието од години од Ерусалим до Бершева
без да си ги спремам стварите за прогон
како Езекиел спружен помешечки
во Вавилонски кревет
365 дена
возљубената му е мртва и од Сион протеран
Абрахам отишол од Бершева до Мориа
три дни
во умот свој го врзувал и одврзувал син му
три дни колење и липање
уште врзани и одврзани сме ние
тие што плачат и касапат?
Тие што се смеат и касапат?
како сите заминуваат
и веќе има еден кој се појавил и провалил во градот на мртвите
дали и ние сме упатени таму?
дури копнеам да бидам ископана од  гробовите
колку
долго ќе има ништо
освен живот кој тече наназад
маска-лице и моево лице
ако бев маж затворен како жена
ако бев молитва од куси фрази
ако планините Ерусалимски беа во пустината на Бершева
прст и плева пустини проодев
и не стигнав до Планината Мориа
сега чувствувам во татковинава моја
и одненадеж гледам колку превртлива е земјава, колку вознемирувачки нејзиниот трепет
и среде браќата мои лутам
некои одат од Ирак кон Америка
некои од Либан кон Никозија
некои од Израел кон Палестина
некои од Израел кон Израел кон Израел кон Израел
соочувањето со отсуство за Израел му се поништува на Израел
ти кој сакаше да бидеш слободен во сопствената земја
спакувај си ги стварите за прогон
нема слободен човек кој не бил исфрлен
јас не сум девојка
јас не сум жена
отфрлена од маж
без мајка или татко
јас не сум личност
одземена од зборови
протерана но не прогонета
сепак во мојава земја моите луѓе
закопани не во пустината
стануваат мојот ковчег во излишноста
прогонета не во далечина
туку во оваа прашина
дур покорувам крв и солзи
и се гушам
човек лета и лета
или со липање или со Вотка
не би знаела
дали секогаш ќе е вака на Исток
или дух или почва
во меѓувреме претпочитам да го населувам зборот
друг дом не постои сè уште
ако некогаш и постоел
во мојата Еврејност мојата слепост мојата Арабескност
една музика едвај се свири
усниве ми се движат
но гласов ми е нечуен
возрасни колнеле и љубеле на овој јазик
од кој сум прогонета од секакво спасение
„Еврејски зборувај Еврејски“
дури Истокот сè уште завива

Превод: Горјан Костоски