Под мекиот провиден лен,
сртовите околу твоите брадавици

се стврднуваат на помислата на мојот јазик.
Ти – легната превртена како буквата „с“ –

Намерно се свиваш
сакајќи го топлиот допир на моиве усни,

влажно е да се покрива кожата
која се ежи, гори,

прска во потој од желба –
слатки сокови фантазија.

Но, всушност, не сум те ни допрел.
Барем засега.

Превод: Ана Топенчарова