Неверојатно е што може да направи една пукната цевка.

Неверојатно е што можат да направат еден маж и една жена.

Вратата се затвора по келнерот, но по тебе се затвора

така, како секоја врата која се затвора.

 

Ја исплакав веќе пред пчелите нашата разделба,

сега ќе се обидам се радувам на тоа, што ќе настапи пред неа,

сé до тој момент, кога ќе престанам да знам

што да направам со времето кое ми остана,

 

па си легнувам, а некој стои над мене и вели:

змиите така спијат, свиткани во клопче како мачиња или

како мали деца,

и гледајте, бидејќи тоа е позиција, од која земаат на небо.

 

 

Превод: Ѕвонко Димоски