Живее во фотографиите и во сетот за чај
во кучето што умре.

Живее во хронични обиколници
на твојот пат кон секаде.

Живее во малите бели таблети
кога ги земаш за да може да го земеш
додека сиот не се растопи.

Колективно посегнуваме по воздух
во оваа тапацирана бела соба.

 
Превод: Зоран Радически