наведната нанапред
тајно
го искушувам ракописот

со болен грб
покрај студените ѕидови
клечејќи

водата до колена

гребам дупки
во листот
сѐ до заднината

наведната нанапред
тајно
запис

Превод од германски јазик Ксенија Чочкова