Ролетната удираше
спроти ѕидот;
Беше сама
во домот,
Во нејзината соба бдееше
врз починатото тело.
Сама со него,
Нејзиниот страв
И нејзините играчки
раштркани по подот.
Си мислеше да го чува
До зори
Потоа би ископала гроб
Во кој ќе го закопа
Гуштерот што го отепа.

 

Превод: Марија Крстевска