Камените скулптури викаат
низ сиот свет:

Дајте ни живот што гние со времето;
дајте ни го занесот на згинувањето.

Камените гради не треперат –
тие се склопени очи, зимска медитација.

Скулпторот полева вода врз една
грамада, ја кани трепетната светлина да слезе од небо
и кревајќи си го тешкиот чекан
џбара по мозокот и папокот на каменот.

Ова го прави само зашто сака да ја чуе
онаа страсна молба:
Дај ни живот што гние со времето;
дај ни го занесот на згинувањето.