носам кану со рамно дно
над главата како корупка

по една обележана патека
низ мочуришниот пејзаж

онаа таму на крајот
во преголемите чизми

се нишка од една
до друга страна

како опашот
на некое големо животно

Превод од норвешки јазик Јасминка Марковска