Велат дека мозокот е побрз од очите
Насекаде шета.

Ги видовме коњите
кои плачеа пред ѕидовите
уморни наведнати на земја
со пенести гриви.

Со денови пиеме, од брегот на морето
Каде што реката ги измешала прстите
Фрлајќи коцка го гледаме танцот на фламингата,
Повредувајќи се еден со друг
Без жена, без надеж, за’ рѓани
Ние поразените војници.

Ние кои секогаш го лажевме нашиот народ,
Со своето тело,
Ако сме го поминале морето од исушените рози
Тоа го направивме поради нас самите.
За нас еден збор е победа
Но, еден збор не значи победа
Виното провоцира
Нѐ смирува нас, гласот на морето.

Овде, во оваа чудесна плажа
Како една кама животот е повлечена
Врз една долга црвена линија
Ако умревме, умревме за нас самите
Ако се повлековме како еден бран
Тоа го направивме за нас самите
Веќе и да сакаме

Не можеме да си ги погледнеме
Нашите коњи во очи
Поминувајќи низ мозокот
Преку ѕидовите