Кога очите склопени гледаат,
кругот станува игра со раце.

(Стихозбирката се отвора прешироко
и се претвора во шпил карти).

Не е надмено да се запали светло,
ниту пак е жалосно што пишуваме во темно.

Не кревај котва од светот,
и не губи допир со тоа што ги крепи зборовите,
не се плаши да ги отсечеш нозете
за да можеш да достигнеш уште повисоко.

Тука
создаваме јазик.

Всушност пишуваме
оти една слика вреди повеќе од илјада зборови.

 

Превод: Никола Ѓелинчески