Мал калкулатор

 

Не одеше работата, само малку.

Премногу бевме Декартовски во пристапот,

а не доволно.

 

Почнавме кај корелатите меѓу безначајното,

дури не станавме спремни да прифатиме дека има,

всушност, мисла, чувство,

бидување човек,

лесно облечен.

 

Таа ги носеше само своите зборови,

и веројатно малку сол.

Дефинициите беа влажни,

Како и облините, Навистина, бидејќи,

каде сето тоа завршува?

И каде започнува?

 

Кои мисли се мои?

Кои клетки со опавчиња

му припаѓаат на нејзиното тело?

Не е толку јасно под микроскопов.

 

 

Превод: Ана Топенчарова