Дваесет и осум метри

истурени на ќошот.

Млеко во прав.

Оставени во бравата,

може да се рече кон зборови

преку далечината,

заштитен слој кожа

цигла врз цигла

измешани под бојата

и горештината,

коцки за супа,

други зеленчуци,

развивање филмови,

покривање портокали,

мерење, вар,

ставање видов во виденото,

носење скала.

 

Превод: Никола Ѓелинчески