Нека се премота филмот пред да го допре Моментот. Нека запре колоната

од автомобили, нека се врати назад кон плоштадот. Нека се смрзне авионот на млазен погон, само на неколку метри над кулата, да летне наназад надвор од рамката како играчка-крило кое виси на крај од јаже. Нека црните бувки кои надоаѓаат од зданието повторно  се вдишат за да се одмаскира синото. Нека куршумот се зададе со тресок во буренцето скриен во преминот, жртвата ја стега марамата и исчезнува внатре. Нека снајперистот се изјази од неговата локација и се слизне по пожарникарските скали, нека пијаниот курир си ја крене камената чизма од педалата и машината нека му се сврти назад накај Х. Нека крикот од сирените се затиши пак, нека чадот се шмукне назад, нека се отворат рерните. Нека го запрат баталјоните нивното неумоливо марширање, нека се повлечат воените бродови, а бомбите нека нурнат наопаку. Нека се одмотаат тенковите, нека отпоздрават германските војници, нека тупотат гротескно наназад по булеварот, нека гордите мажи-деца во камуфлажа си ги гледаат пушките зграбени од дланките, гордите момчиња со воспалени стапала си ги добијат камењата замавнати кон нивните тупаници. Нека се опуштат тупаниците. Нека срцата. Нека почне секоја молитва со Амин, а секој здив да заврши со молитва без зборови. Нека зборовите се одмотаат, и секој начин на размислување и сите сторени и несторени нешта, нека Моментот биде безгрешен и вистинит, недопирлив ко сон. И нека се одмотаат и измотаат пак деновите, така што како што се будиме и почнуваме да забораваме на сонот, ќе се сетиме на Моментот.

 

Превод: Елида Бахтијароска