Не сме ни почнале да ги земаме предвид неправдите кои се поврзуваат со убавината. Имаше една многу срамежлива, дебела девојка која се обидуваше да си го најде седиштето на Олимпијадата во Сиднеј…

НА ОЛИМПИЈАДАТА: РАКОМЕТ

Дебела, со коскеста вилица, таа се веднеше,
чекор по чекор, горе на трибините од Арената. Некој
ја викнал да дојде овде – можеби мајка ѝ:
Татко ти не е стаклар! Од тимот се истегнуваат,
шутираат на гол за загревање: да пукне,
тропаат, возбудени. Ама она што ти го краде погледот
е начинот на кој целото тело ѝ моли,
во изопачено повлекување, за седиштето кое не може да го најде.
За сигурност ја зграбила металната ограда. Бара
без да крене поглед.Толку надежни гестови:
маица од Деф Лепард, репчето фатено со ластиче.
Можеби има деветнаесет години, а можеби и повеќе. Ама знаеш
дека при прва можност – некој пијаница,
некој луд другар на брат ѝ – ќе му каже да,
и ќе се моли да го задржи: креветот ко ливада во темница
каде нема нежни избори.
Каков хорор
сме послале овде: кога потребата на една девојка
првпат се наклонува како пупка кон сонцето – и едно нешто
се случува, а тоа е судот – големиот камен
кој лежи врз нашиот вид ко далечина од Бог?
Па така не мо
жеме да замислиме љубовник:
некој чија рака ѝ ја свртува главата со задоволство
и е одушевен од нејзиното присуство исто така:
измазнувајќи настрана сѐ што научила од старите забрани –
чудење, внимателност, радување, извирање –
како споделувањето на дозвола, или пак прошка?

Превод: Елида Бахтијароска