Само Господ може да воздигнува
Јас сум ништотна за такво нешто

За мене си само човек
од Царството Божјо
и можеби затоа те сакам
и те примам во
Доброто во мене

Првиот човек на земјата си
и последниот потомок на родот
И брат си ми и татко
и син и маж
на оваа пролет во мене

Ти го имаш небото во себе