Не ми зборувај за Истанбул
Душата ми се стега!
Го знам задоволството на сината риба
знам дека сега шета пред Ваниќој.
Ги облекол длабоките чизми и
ограбува по Тарабја.
Не ми зборувај за Истанбул
Душата ми се стега!
Овој брод е бродот за островот
Перките се борат против јужниот ветер.
Во Кинали, во Бургас
се уште под сенката на пишаниот ерменски ѕид
како за инат растат последните камилици.
Не ми зборувајте за Истанбул
Душата ми се стега!
Сега паѓа невината ноќ
во некое осамено место на Султанахмет
Истанбул овенува ….
Пред малку ти помина„
Покрај трамвајот на Едирнекапи-Бахчекапи.
Повторно косата ти се развејуваше,
очите го предизвикуваат цел свет.
Не ми зборувај за Истанбул
Душата ми е во пламени
Усните ни мирисаат на јасмин.