В рака држам китка цвеќе од нашата градина,

јасминот и нарцисот цутат

на ноќната роса.

До креветот, има еден друг букет

кој го ставив таму пред неколку дена

а ниедна

љубопитна  душа не му обрнува внимание,

дури ни светлината низ прозорецот

која тврди дека ме љуби.

 

Превод: Никола Ѓелинчески