Новата насмевка
ја ставам единствено
кога излегувам.
Не би било убаво
да се оштети.
Тогаш повеќе светкам,
ако тоа не е навика,
се качувам на сите престоли
и им го покажувам патот
на послабите.
Имам и десет деца
и малечко куче
за прошетка.
А сепак ти танцувам низ дома
додека јадеш
и ти ги покажувам
додека спиеш
набавките од распродажбата
и ти светкам во главата,
светкам
и не дишам.

Превод: Живко Грозданоски