Птиците на аеродромот
се сериозна опасност.
Една птица,
ако влета во погонската машина
на млазен авион
во време на полетување,
може да убие
120 луѓе.
Птиците на аеродром се,
благо кажано,
непожелни.

Непожелни се и дрвјата,
што можат
да се испречат пред авионот,
да го спрепнат
и пеплосаат.
Непожелни се
и сите други нерамности
на теренот –
како порои, камења,
водени падини,
оркански висови
и извори на белоногата.*

Насетувате ли како
нашата желба за полетување
нè одделува од сè она, што
сме биле досега
и нè исправува
сосема сами
пред огромната празнотија
на небото?

 

* Алузија на познатата песна на П.Р. Славејков за некоја христијанка која не сакала да се потурчи и по цена на својот живот, а турскиот паша вљубен во неа изградил чешма на изворот каде што таа си ги миела белите нозе…

Превод: Богомил Ѓузел