Отровот одиграл централна улога
за нашето разбирање во полето на болката
од љубов до сржта, она
флексибилно ткиво.

Би помислиле,
внатрешност, точниот миг
кога ги читаш овие трипрсни пептиди
од друга змија.

Се стреми кон важен напредок
во мојот кисел осет,
прошката со лоша глума.

Силен како морфиум а не толку несвесен,
без нарушување на дишењето, за тишината
правиот остаток.

Превод: Ана Топенчарова