Така искрено, мислам дека не знаеш што е копнеж.

Дали твојата ќерка ти кажала некогаш

педесет и три пари по ред дека песот ти ја јаде шапката?

Нека ја јаде, реков. Не знам, дали барем еднаш. Твоите мејлови

не се мејлови, тоа се нежности, денес ќе спијам со тебе,

ми вели мејлот. Не, денес мејлу, ќе појдеш да спиеш со жена ти,

а јас ќе појдам да спијам со мажот ми. Не подалеку од утре

планирам да го ослободам светот од сите чинии,

за пиење, за мочање, за пречувување на пепелта на блиските,

збирање на крвта на нашиот Спасител, и ќе бидам последната

чинија на светот. И, да се договориме,

јас и крвта на Спасителот, само ние двете знаеме

што е копнеж.

 

 

Превод: Ѕвонко Димоски