Тоа мораше да биде денот Корпус Кристи. Постара жена

водеше за рака импозантна девојка со Даун: ќерко, ќерко,

кога ќе умрам, што ќе се случи со тебе. А јас не можев

постара жено да ти ветам, дека нема да ја изедеме, не ги знам

подробно обичаите

на мојот вид, не толку детално.

Нè гледа како подзастануваме на аглите од улиците,

вадиме од паричникот слики на згради покриени со златни куполи

и взаемно си ги покажуваме, мажи и жени,

стари и млади, ама дали копнеејќи, дали гадејќи се, не знам.

Тоа мораше да биде тој ден, по пругите

или на крајот од паркот одеше маж во кафеаво сако,

носеше фудбалерчиња со главите надолу

и ништо во врска со тоа не можам да направам, но сонцето, тоа се

наведнуваше кон заоѓањето.

 

Превод: Ѕвонко Димоски