Помалото зло престојува
во улиците.Вооружено, оттука и
правично.Последното дете треба да умре утре,со очите зинати

Сус сега, Исмаил,нека вечно-распеанава рака
ја посакува твојата одмазда,
војниците ќе ги демнам
со трепетниот ти глас.

Помалото зло – тој небески евнух
ги пее сал своите химни.
Но колку јасно и гласно си слушнат
од оние што се туркаат
по небомбардираните улици.

„Почуј го“,тие велат, „цвркотењето
милно на малиот ќос“.

Превод од англиски јазик Горјан Костовски