Кој тропа на вратата
Ветрот или смртта?
Дали е тоа ладната рака што
се протега од угнетување?
Деновите едно по едно паѓаат
како последните листови од есента,
како капакот од ковчег
натежнува ноќта низ светот.
Во белата темница
на една снежна ноќ
со љубопитна надеж
срцето повторно се залажува
во последната доба од животот
во последната станица.
Ќе расцветаат рози над гробот
како на Ѓурѓовден
Ќе расцветаат сите венци
како да ќе се вратат
од едно големо прогонство
изминатите, стопени години.
Во ноќта, спомените треперат како ѕвезди
Судбината еднаш се смее друг пат се лути
на изминатите денови.
Само спомените се единствени
Кои секоја ноќ остануваат кај нас
Потоа се отвараат мугрите :
Живот наречен лага.
Декември, 2000
Превод: Ајлин Скоро