Со мака се дига од тепихот,

се измолкнува меѓу нозете на трпезаријата,

од прженото месо низ миризливата магла на Вецето

во градината, слегува по тројните бетонски скали,

ветрот носи жив мирис од цветен прав,

скршнува вчас кај големиот бор,

се пробива низ смолеста сјајна патека

и легнува крај оградата, под бозелот.

 

Тука беше како млад, тука научи

како се вкрадува, се радува и почива животот

во шумата од мириси, слики и гласови,

и како да се чека Непознатото да ги повлече

своите канџи, а спомените да најдат удобен

стан. Неговото минато е само толку

колку стапките да се скаменат на патот,

неговата иднина е како една трага од мирис

што умира меѓу тревите, а неговата сегашност

е на чувствата сонот.

 

Она што го сакал, го сакала исто

географската карта на неговото срце,

пулсирачка патна мрежа

во прашумата на инстинктите

што секогаш го водела

кон едно фамилијарно недоразбирање.

Таму живееше, заедно со луѓето

кои живееја на рабовите од географската карта,

лесно пресметливи суштества

кои  од таинствени, но меки причини

размислувале со своите раце,

како и оваа грмушка, на чија сенка лежам

и кои утре назорум ќе ме најдат

на ивицата од географската карта на барањето

каде што трепери животот на туѓите суштества

во ветрот слично на одвеан лист

и се впива во земјата студена како мраз.

 

 

(Препев Паскал Гилевски