На крајот од времето
И навистина веќе нема да има што да се каже
Сите ќе си се свртиме и ќе тргнеме тажно
Кон себеси, зборовите ќе запловат негде
Бескорисни за копното, можеби дефинирајќи ги
Старите епохи на мислата во последен момент.

Крајната нота од последната мелодија
Ќе си се извитка во себеси, нејзините надтонови
Ќе останат задлабочени во новата тишина
И ќе се свиткаат по рабовите како сон.

* Оливие Месиен (Olivier Messiaen), француски композитор, оргулист и орнитолог.

Превод: Елида Бахтијароска