Не можам да те сместам никаде
дури вселената ми е претесна.
Ти си мојата роса, поголема од сонце
соншптата корали бисери …
Кога ги сретнав твоите очи
ноќта беше црна како дијамант.
Небото беше се симнало во моите сокаци
беше празник на розата во јасминовата палата.
Станувам облак, сrанувам дожд, станувам море.
Цел свет е во борба за корка леб
додека јас си играм лизгајќи ги ѕвездите.
Како да те нацртам, да те насликам?
Со кои идиоми на богатиот турски
да напишам песна ? Да ги натерам ли децата да ја испеат?
Да те накитам ли со седефи или филиrрани ?
Во еден јуручки шарен килим.
Позајмувајќи ти го мирисот на лавандите
да те сокријам ли во ленена чиста бовча?
( во овој миг се огласи гласот на мајка ми : каде остана лебот? )
Особено твоите раце,
како подмладоците на белите гулаби,
(повторно мајка ми извика : каде е лебот?)
ти ги засакав рацете,
дали може да ги наречам облаци?-
Лебот се потрошил мамо, дали може да купам ѕвезда?