Тргни го колецот на чунот.

Не треба да се весла, разбрани струи

има во длабочината,

чии мисли се сомовите, секој смуѓ,

но ако ова можеш да си го замислиш,

лигаво и лепливо ќе биде настроението

и можеш да бегаш понатаму, но каде.

 

Струењето го голта минатото

и не го исплукува минатото.

Врз еден бран можеш да седнеш, ако сакаш.

Во матен опал танцува мочуриштето,

оваа е мамлива слика, но не си замислувај

остави ги да живеат неговите школки,

неговите риби, не оди

насигурно, како риболовец.

 

Значи се наоѓаме таму, како го тргаш колецот,

заборави, заборави, заборави, вели водата,

се раствoра секоја слика, во која некогаш

во својата мисла си се фатил,

се урива балатонската куќа, во која

во детството… димни випери

растат од косата на баба ми,

божиќни дрвја, мајски дрвја, тополи горат,

врне врз една црно-бела будимска куќа,

како поштенска марка,

си го тргнал колецот, на животот отровниот заб,

па нека биде господар искушението

дека  некој чека во заборавениот остров,

го чувствуваш, но никогаш не го гледаш,

зашто заборава, веќе сега заборава,

што и да се случи, тој стои на брегот,

каде што ќе те однесе само

едно парче од бродолом.

 

 

Превод: Паскал Гилевски