За секој случај, секое утро, едвај ги отвораш очите,
се учиш да си ги тегнеш и да си ги кратиш нозете,
иако веќе ги знаеш формите и мерите на толку постели
како и некои патчиња по кои разбојникот никогаш не оди.

Небаре чудо е за тебе таа скоро совршена примена на твоето тело.

Но светот е полн со изненадувања.
Човек треба да е спремен,
си велиш.

Никогаш не се знае.

Превод: Никола Ѓелинчески