…кога читаше, со очите прелетуваше врз страниците… но гласот и јазикот му беа тивки.
(Св. Августин го опишува Св. Амброзиј дури чита)

 

Можев да ѝ дремам на диванот со саати
и да го слушам собирањето и растурањето
на длабокиот атлантски раб под нас,
ветрот надвор како влечење и подводно струење
и сè околу нас дур се вишнее.

Ќе продолжев да лутам таму крај неа
во дневната соба, но ме разбуди звукот
на нејзиното читање на глас,
очите нејзини дур го премеруваа весникот,
навалени и затнати, замислени мумлања,

и за момент се почувствував како човек кој застанал
тивко на прагот за да ја слушне,
увото прилепено кон некој моќен бран кој пораснал одамна,
што повеќе ја гледав, така чудна и далечна
како ненадеен повик чуен далеку подземја.

Превод: Горјан Костоски